Во тек на вчерашниот ден во угостителски локал во Пештани настанал пожар, а поради вдишување на чад, сопственикот на локалот бил пренесен во болница за укажување на помош, информира Секторот за внатрешни работи Охрид.
-Вчера во 17:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село.
Пожарот е изгасната од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош, соопштија од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Охрид.
Б.Н.
Фото: Илустрација

