Едно лице било лишено од слобода завчера, откако ловочувар го затекнал при незаконит лов, додека пукал кон диво животно, соопштија од Секторот за внатрешни работи Охрид.
-Завчера околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево. Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри, известија од полицијата.
Додаваат дека по насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“.
Деск
Previous ArticleКаде исчезнаа 40 трупа на убиени кучиња, прашува Анима Мунди и бара одговори од градоначалникот Фатмир Дехари
Next Article Јавноста се простува со Агим Јонуз

