Младиот музичар Дамјан Стоименовски ја промовираше својата нова песна ,,Води ме” за која е снимен и видео запис. Тој и е познат на јавноста по своите настапи на „Макфест“, WAF Awards, Студентско лето во Босна и Херцеговина, како и по учествата на повеќе државни музички натпревари, каде што освојувал награди и признанија за вокална изведба.
Инаку, 24-годишниот изведувач е магистер по право, но вели дека страста кон музиката го водела уште од најмладите години.
-Песната „Води ме“ е современа поп-балада што зборува за љубовта, желбата и моментите кога срцето го победува разумот.
Музиката ја потпишува Toby Tolga Mazhar, текстот е на Дамјан Стоименовски, а аранжманот и продукцијата се на Андреј Ник.
Резултатот е нумера со модерен звук и длабока емоционална приказна што лесно се памети уште од првото слушање.
Видеото за „Води ме“ го сними Јован Јанкуловски на неколку локации, создавајќи визуелна приказна што ја доловува магијата на песната.
Во видеото се појавува и атрактивна девојка, која преку својата улога внесува деликатна доза мистерија и страст.
Сцените се внимателно избрани, со фокус на емоцијата и уметничкиот израз на авторот, истакнаа од ПР тимот на Стоименовски.
В.К.
Дамјан е магистер по право, вљубен во музиката: Со новата балада ќе ја освојува публиката
1 Min Read
Previous ArticleПриведен охриѓанец кој пијан возел во Кавадарци

