Политичката партија МААК утре ќе одржи прес конференција во хотел Континентал во Скопје, на која ги кани сите медиуми од земјава.
Како што соопштија од партијата на чие чело е Страшо Ангеловски, повод за прес конференцијата се настаните кои се случија во Неготино, а кои изминативе денови ја брануваат јавноста.
-Поводот е тенденцијата на одредени медиуми и политички актери да се изврши политички линч на новоизбраниот советник на партијата во Неготино (Љубе Темелков), за искажан збор, погрешно протолкуван, а во обид да се сокрие причината за неговото обраќање – предизборен криминал со предизборен поткуп.
Ќе биде упатено јавно барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО) да ги испитаат тврдењата за предизборен поткуп, и очекуван одговор од ОБСЕ и ОДИХР (Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР која се состои од 250 меѓународни набљудувачи) до кои веќе е испратена претставка, соопштија од МААК.
Деск
Партијата МААК испратила претставка до ОБСЕ и ОДИХР и ќе бара МВР и ОЈО да ги испитаат тврдењата на Темелков за предизборен поткуп во Неготино
1 Min Read

