Две лица од Кавадарци се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на улица ,,Шишка”, од кои едно се здобило со потешки, а едно со полесни телесни повреди, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 11:20 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Д.(59) и патничко возило „фолксваген фокс“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Р.(45), двајцата од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.Д., а со телесни повреди се здобил В.Р., констатирани во Општа болница Кавадарци, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Деск

