Притвор од 30 дена е одреден за директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и управителот за отпад во претпријатието. Обвинителството денеска побара притвор за двајцата поради сомненија за сторено кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Според Кривичниот суд, мерката притвор е определена заради постење на основите од чл. 165 ст. 1, точка 2 и 3 односно опасност да ја попречат истрагата или да влијаат врз сведоци и можност да го повторат делото.
-Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести, соопштија од обвинителството.
Деск
Притворените директор и управител на ЈП Комунална хигиена се осомничени за загрозување на животната средина и природата со отпад
1 Min Read
Previous ArticleПовредени две лица во сообраќајка во Кавадарци

