Мажот од Неготино на возраст од 38 години, кој пред пет дена беше приведен и му е одреден притвор, бидејќи дома си направил импровизирана лабораторија за производство на дрога, заработи кривична пријава.
Како што информираа денес од Министерството за внатрешни работи, СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.П.(38) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“.
Според првичното соопштение од полицијата, на 23-ти октомври Б.П. беше лишен од слобода, откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш.
Му беше одреден притвор во траење од 30 дена и беше спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.
Деск

