Планираниот „Марш на ангелите“, кој требаше да се одржи во сабота (први ноември 2025), е откажан, соопшти Здружението на граѓани „16 Март“ преку објава на својата официјална страница на Фејсбук.
Организаторите наведуваат дека маршот нема да се одржи затоа што денот се совпаѓа со православната Задушница — ден посветен на сеќавање и молитва за покојните.
„Ова е ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително,“ стои во објавата на здружението.
Деск

