Претседателката Гордана Силјановска Давкова го оствари своето граѓанско право и гласаше во вториот круг на Локалните избори. Таа објави фотографии од гласачкото место и порача дека по завршувањето на изборите, да следи итно ,,фрлање” на работа.
-Имавме европски избори. Очекувам мирен изборен ден со којшто ќе се заокружат локалните избори и итно фрлање на работа.
Верувам дека граѓаните ќе излезат и ќе го искористат своето избирачко право, гласајќи по сопствено уверување, истакна претседателката.
Деск

