До 17.00 часот во Неготино излезеноста на гласачите е 46,03 проценти, односно гласале 7.320 граѓани. Во споредба со излезеноста во првиот круг на гласање од 19-ти октовмри, кога во 17.00 часот излезеноста била 45,11 проценти, односно гласале 7.173 лица, сега излегле 147 гласачи повеќе.
Вкупниот број на избирачи во општината е 15.920.
Гласачките места се затвораат во 19.00 часот.
Според последните информации од Министерството за внатрешни работи, гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно и не биле регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Деск
Излезеноста во вториот круг во Неготино до 17.00 часот е за помалку од еден процент поголема во споредба со првиот круг на гласање
1 Min Read
Previous ArticleИтно фрлање на работа по изборите, порача Силјановска Давкова

