Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција, изјави дека во вториот круг од локалните избори, според обработените податоци СДСМ победи во општините Центар, Македонска Каменица и Зрновци односно досега вкупно шест.
На прес-конференцијата, тој укажа дека изборите биле јасен патоказ какви политички и кадровски промени треба да направат.
Исто така, најави седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе биле презентирани и усвоени тие кадровски решенија. Кажа дека нема да поднесе оставка, бидејќи кратко време бил на челната функција во партијата.
Деск

