Скопје е ослободено! Вечерва, не победив само јас. Победивте вие. Скопје победи! Победи идејата дека овој град може да стане место на достоинство, ред и иднина, објави Орце Ѓорѓиевски, кој стана прв човек на Град Скопје во вториот круг на Локалните избори.
-Победи народот кој реши да се спротивстави на неправдата, нашиот горд народ кој никогаш не се откажува!
Вечерва ја славиме победата на духот над безнадежноста,
на храброста, на народот над оние што го потценуваа, кој сега ги пративме во историјата.
Но вечерва, исто така, нашата борба не завршува тука. Само што почнува.
Влегуваме во ново време, време на работа и на дела, не на изговори.
Ние нема да застанеме додека секој човек не се чувствува горд што живее во своето Скопје.
Секоја улица, секој плоштад, секој дом во овој град бара работа, ред и правда.
И токму тоа ќе му го дадеме.
Ќе се борам. Ќе се бориме. Секој ден, со сета сила.
Ќе се борам против небрежноста, против хаосот, безредието и рамнодушноста која му ја оставија на овој град.
Ќе се борам за секое дете што заслужува подобра иднина, за секој човек што бара достоинство.
Им благодарам на сите кои стоеја со мене – моето семејство на кое многу му должам, мојот тим и сите вие!
Најмногу благодарам на Премиерот Христијан Мицкоски, мојот најсилен столб!
Ви се поклонувам!
И ќе завршам со една моќна мисла на големиот Винстон Черчил:
,,Историјата ќе биде наклонета кон нас, затоа што ние имаме намера да ја напишеме.” Да живее Скопје! Да живее идејата дека најдоброто допрва доаѓа, порача Ѓорѓиевски.
Тој освои победа со над 34.000 гласови над Амар Мециновиќ од Левица. Од 474.304 избирачи од избирачкиот список, гласале 165.949 избирачи, а 10.333 ливчиња биле неважечки.
Деск

