Во вториот круг на Локалните избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победија во 21 општина. Втор по освоени градоначалнички места во вториот круг е нивниот коалициски партнер ВЛЕН, со четири градоначалници, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), победи во три општини, коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ во една.
Во вториот круг во Струга победи независниот кандидат Менди Ќура, кој непосредно пред вториот круг ја доби поддршката од ВЛЕН.
По едно градоначалничко место во вториот круг вчера освоија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Унијата на Ромите (УР).
Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше вчера немаше гласање поради недоволниот одзив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.
Деск

