71-годишен пензионер е лишен од слобода, бидејќи околу еден месец телефонски се заканувал на 47-годишна жена, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму доадаваат дека вчера, во 08:40 часот, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 71-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во период од околу еден месец телефонски и упатувал закани на 47-годишна велешанка.
-Тој е приведен во полициска станица Велес, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од полицијата.
Деск

