Над 84 илјади вработени во администрацијата ќе добијат по 12,372 денари К-15, додека пак, за вработените во приватниот сектор, К-15 годинава ќе биде минимум 18,141 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.
Исплатата треба да се изврши до крајот на годината, а поголем дел од работодавците во приватниот сектор веќе го исплатија регресот за годишен одмор, кој законски може да почне да се исплаќа од мај.
Согласно законот, Регресот за годишен одмор се исплаќа до 31-ви декември, а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето-плата по вработен исплатена во последните три месеци.
За работодавците, кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.
Според Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на декември сите работници треба да добијат регрес за годишен одмор, под услов да работеле најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.
Деск
Казни и до 4.000 евра за работодавците кои нема да им исплатат К-15 на вработените
1 Min Read

