Вчера во Ликовниот салон – Велес беше отворена изложбата „Порцеланови луѓе“, во организација на ЛУ Народен музеј Велес и авторите Јасмина Намичева, Јасмина Дамјановска, Филип Фидановски и Екатерина Намичева Тодоровска.
Изложбата претставува современ уметнички дијалог со минатото и со приказната за поранешната Фабрика за порцелан „Борис Кидрич“, која остави длабока трага во индустриската, културната и секојдневната историја на Велес.

Преку уметност, спомените од порцеланот оживуваат повторно — како симбол на традиција, идентитет и колективна меморија.
Деск

