Британскиот актер Џад Лоу ја толкува улогата на Владимир Путин во новиот филм The Wizard of the Kremlin (Волшебникот од Кремљ) на францускиот режисер Оливие Асајас. Филмот премиерно беше прикажан на фестивалот во Венеција и предизвика голем интерес кај критичарите.
The Wizard of the Kremlin е инспириран од романот на Џулиано да Емполи, добитник на Големата награда на Француската академија. Наместо класична биографија, филмот нуди политичка драма што ја прикажува изградбата на современата руска власт и начинот на кој се создава и одржува моќта преку медиумите и пропагандата.

Покрај Џад Лоу, во филмот играат и Пол Дано и Алисија Викандер. Критичарите во Венеција го опишаа филмот како „провокативен и визуелно впечатлив портрет на политичка моќ во 21 век“.
Филмот се прикажа на фестивали во Торонто, Лондон, и други, а се очекува да пристигне во европските кина до крајот на годината.
Деск

