Бранот на јавно незадоволство по смртта на 14-годишното куче Маја, прегазено во населбата Расадник во Софија, Бугарија, доведе до суспендирање на 29-годишниот возач, д-р Ненад Цоневски (по потекло од Македонија). Воено-медицинската академија (ВМА), каде што работи, официјално објави дека тој нема да ги извршува своите службени должности додека не се заврши истрагата, пренесе Нова.бг.
Како што објави бугарскиот медиум, од ВМА нагласиле дека медицинската установа ќе обезбеди целосна соработка со надлежните органи, но тие можат да зборуваат само во име на професионалните, а не и за личните квалитети на вработениот, и не толерирале манифестации на агресија.
Во меѓувреме, околу 200.000 лица се потпишале на петицијата со која бараат правда, и строги казни за насилството над животните.
-За да се дојде до правда, надлежните органи треба првин да докажат дали возачот е виновен и го сторил делото со умисла, или пак се случило поради невнимание, објави Нова.бг.
Инаку, во Бугарија за убивање или пак измачување на животно, казната е лишување од слобода од една до пет години и глоба од 1.000 до 5.000 лева. Според тамошниот закон, ако делото е извршено со голема жестина, на суров начин или на јавно место, казната е затвор од две до осум години и санкција од 2.000 до 10.000 лева.
Случајот со кучето Маја веќе неколку денови ја бранува јавноста во Бугарија, но и во регионот. Во медиумите се објави видео снимка од моментот на прегазувањето, а жители од населбата каде тоа го поминало животот, излегоа пред камерите на бугарските медиуми и бараат најстрога казна за возачот.
В.К.
Отстранет од работа докторот од Македонија кој прегази куче во Бугарија: Тој нема да извршува службени должности додека не заврши истрагата
2 Mins Read

