Маж на возраст од 57 години е приведен во раните утрински часови, по пријава дека и се заканувал на сопругата, а од него била одземена ловечка пушка и муниција, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од секторот, денеска (12.11.2025) во 04:15 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 57-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговата 59-годишна невенчана сопруга.
-Од него се одземени ловечка пушка „застава“, футрола, 16 парчиња муниција и ремен за пушката.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од полицијата.
Деск
Фото: Илустрација

