Според последните информации Германците се апсолутни фанатици, кога станува збор за перењето и чистината на нивните автомобили.
Според анализата на eBay, во Германија на годишно ниво се трошат (или инвестираат) околу 1,9 милијарди евра во одржување на возилата.
Од тој износ, дури 1,6 милијарди евра одат на директно перење на автомобилите во специјализираните перални, а околу 300 милиони евра одат на купени полир пасти, восок и други препарати за надворешно и внатрешно чистење на возилата.
Во истиот период од една година, за чистење на домовите се трошат околу 1 милијарда евра, што значи дека на Германците, многу поважна им е чистината на автомобилите, од чистината во нивните домови.
Пасијата околу чистењето на автомобилите почнува во пролет, кога се користи фразата – Spring Cleaning (Пролетно чистење). Во овој период се оди на темелно надворешно чистење, особено да се симнат наслагите на сол кои се нафатиле од патиштата во зимскиот период. Се оди на чистење на полен филтерите и кабините.
А вториот најсериозен циклус на чистење доаѓа на крајот од летото, особено чистење на ентериерот од нечистотијата насобрана по летните одмори.
За ВИКИМЕДИА, Зоран Дочински – Темпо мк

