Одборот за доделување на државната награда ,,22 Ноември“ донесе одлука со која годинава наградата им се доделува на проф. д-р Севдаиљ Демири, истражувач, публицист и поет и на Ресул Шабани, писател, соопшти Министерството за култура.
Државната награда ,,22 Ноември“ 2025 е признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 Ноември 2025 година (сабота) во 11 часот во Собранието.
Деск

