Откако во септември додека беше градоначалник на Општина Радовиш, Ацо Ристов, најави дека нема да се одржи годинашното издание на општинската манифестација Самун и Татлија, сега новоизбраниот радовишки градоначалник Љупче Почивалец го најави одржувањето на настанот.
Како што истакнува во видео порака, манифестацијата ќе се одржи викендов, односно на 14-ти, 15-ти и 16-ти ноември, а ќе настапат десетици познати музички имиња.
-Бресквица, Тања Савиќ, Адријана Петрушовска, Зуица Лазова и Наум Петрески, 2Бона, Екстра Бенд и Вукица, Ескејп Бенд, Штипски тамбураши и многу други музичари се најавени како учесници на настанот кој ќе се одржува на Паркинг Орел.
Самун и Татлија досега се има одржано десет пати. Секоја година доаѓаат познати музички ѕвезди од регионот и од земјава. Кога првично беше откажано годинашното издание од страна на Ристов, за медиумите тој изјави дека причината е да се покаже почит кон жртвите од Кочани. За Канал 77 тој кажа дека несоодветно е некој да се весели по плоштадите, по трагедијата во Кочани и треба да се покаже почит, и додаде дека неодржувањето на манифестацијата ќе биде само оваа година.
По неговата изјава следеа поделени реакции на граѓаните, во кои едни го поддржаа, додека пак други бараа одржување на настанот, кој привлекува голем број на посетители и ги промовира кулинарските специјалитети на градот.
Деск
Самун и Татлија во Радовиш, сепак ќе има: Почивалец најави доаѓање на Бресквица, Тања Савиќ и десетици други музичари
2 Mins Read

