Уште пред три дена Општина Кавадарци испратила известување до институциите, односно до МВР, ОВР Кавадарци, СВР Велес, Пазарна инспекција Скопје и Пазарна инспекција – подрачна единица Кавадарци, во врска со најавениот настап на српскиот пејач Аца Лукас, закажан во локал во градот.
Како што е посочено во известувањето, од општината истакнале дека се загрижени за безбедноста на присутните, бидејќи се очекувале многу посетители. На барањето од страна на правното лице, односно ,,Рома Кан”, му било одговорено дека му е одбиено барањето за поставување на маси и столици на улицата, односно поставување на урбана опрема на тротоарот пред локалот за време на концертот.
Настапот на Лукас синоќа беше прекинат од страна на полициски службеници, а тој беше однесен во кавадаречката полициска станица. Неофицијално, во локалот наместо предвидените 200 гости, имало околу 500 лица.
Од Министерството за внатрешни работи за ВИКИМЕДИА изјавија дека за кратко време ќе излезат со сите детали поврзани со случајот, односно ќе бидат објавени причините за прекинувањето на настапот на музичарот.
В.К.
Општина Кавадарци пред три дена ги предупредила институциите за настапот на Лукас и одбиеното барање на локалот за поставување на урбана опрема на тротоарот
1 Min Read

