Момче на возраст од 13 години е тешко повредено во сообраќајна несреќа помеѓу мопедот кој го управувало и патничко возило управувано од 25-годишник. Како што известуваат од полицијата, по несреќата, возачот на автомобилот побегнал од местото на настанот, но набргу бил пронајден.
-Вчера во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Охрид.
Деск

