Турција и Либан се земјите што папата Лав XIV ги избра за своето прво пасторално патување во странство. Во одговор на прашањата на новинарите пред историското патување на Блискиот Исток, тој испрати порака за мир до Израел и Палестина, кои сè уште не може да ги посети. Откако стана папа, тој за првпат ја напушта Италија и тргнува денес, пренесуваат светските медиуми.
Негова прва дестинација е Анкара. За време на неговата посета на Турција, тој ќе се сретне и со претседателот Ердоган. Исто така, ќе го посети Истанбул и бројни локалитети со историско и религиозно значење, како што е Сината џамија. Потоа ќе отпатува за Либан. Во Либан ќе посети светилишта, ќе се сретне со млади луѓе и ќе се помоли на местото на експлозијата во Бејрут во 2020 година. 
На последниот ден од своето патување во Либан ќе посети психијатриска болница управувана од францисканки. За своето прво патување, папата Лео ги избра овие две земји од Блискиот Исток кои папата Франциск планирал да ги посети, но не можеше поради лошата здравствена состојба.
Сепак, неговиот папамобил, кој го користеше за време на посетата на Витлеем, е претворен во мобилна клиника за лекување на палестински деца во Газа, за што Франциск често зборуваше и ја опиша хуманитарната ситуација таму како срамна.
Деск

