Младата поп пејачка Антониа Гиговска ќе пее на плоштадот во Македонска Каменица за новогодишниот дочек. Нејзиниот настап ќе започне во 22.00 часот, а градоначалничката Соња Стаменкова ја објави веста и ги повика сограѓаните да присуствуваат на настанот.
Македонска Каменица е помеѓу првите општини во земјава која го соопшти музичкиот гостин за време на организираниот дочек.
Поголемиот број на општини се уште немаат излезено со детали за новогодишната ноќ, и граѓаните се уште немаат информации кој ќе гостува во нивниот град, односно дали воопшто ќе има организиран новогодишен дочек, со цел навремено да планираат каде да ја поминат ноќта.
Б.Н.

