Втората сцена на фестивалот Таксират ќе биде именувана по музичарот Владимир Блажев – Панчо од ДНК, кој почина во октомври од последици од трагичниот пожар во Кочани. Веста ја објавија организаторите на Таксират кои откриваат дека на настанот ќе настапат артисти кои и претходно ја делеле сцената со него.
-Панчо ни беше колега во Пасворд, Панчо беше букер на вториот стејџ на Tаксират, Лејк Авејк на Д Фестивал од самиот почеток, а со Панчо бевме домаќини на Guru, DJ Premier, B-Real, KRS-One, Onyx, M.O.P, The Roots, Fat Joe, Jeru the Damaja, Afrika Bambaataa… Во чест на нашиот долгогодишен пријател и соработник, редовен активен соучесник во креирањето на хип-хоп страната на Таксират, Shorty P aka Pancho, од сега па натаму вториот стејџ ќе го носи неговото име.
И оваа година тој стејџ ќе биде хостиран од неговата Sure Shotz екипа.
Во живо ќе настапат дел од аристите кои и претходно ја делеле сцената со него – Donplaya & Prince$$ Donatsu и Sexy Marsa, како и диџеите од екипата на Sure Shotz: Irie Scratch, Ogipsilon и Nasty.
Хедлајнер на Shorty P стејџот оваа година е Ezhel – турскиот феномен и мултиталентиран уметник со уникатен спој на берлинскиот и анатолискиот градски стил, соопштија од Таксират.
Фестивалот ќе се одржи на шести и седми декември во Арена Борис Трајквски.
Б.Н.

