Денеска ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со цел подигнување на свеста за правата, инклузијата и достапноста за над милијарда луѓе кои живеат со различни форми на попреченост. Институциите, организациите и заедниците организираат настани, кампањи и јавни дискусии посветени на подобрување на условите за образование, вработување и здравствена заштита.
Овој ден потсетува дека еднаквите можности и активното учество во општеството се од суштинско значење за градење инклузивни заедници, а државите се повикуваат да ги засилат политиките и услугите што ги поддржуваат лицата со попреченост.
И Македонија денес се приклучува кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, посветен на промовирање инклузија, еднакви можности и поголема општествена поддршка за повеќе од 100.000 лица со различни форми на попреченост во земјата.
Сепак, и покрај бројните кампањи и јавни дискусии, најголемиот дел од лица со попреченост, како и нивните семејства, со години наназад алармираат дека се оставени на маргините и не ја добиваат поддршката која им е потребна за достоинствен живот.
Остануваат реакциите дека нема доволно дневни центри, нема доволно обучен кадар, владее ограничена инфраструктурна пристапност, како и дека државната финансиска помош која ја добиваат на месечно ниво, не е доволна за да ги покрие минималните потреби на лицата со попреченост.
В.К.
ДЕНЕС СЕ ПРОМОВИРА ИНКЛУЗИЈАТА: ИМААТ ЛИ ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ И ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА?
2 Mins Read
Previous ArticleСЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ ТАКСИРАТ ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА ПАНЧО

