Штип се подготвува да ја дочека Новата 2026 година во свечено и блескаво издание. Градот е раскошно украсен, со светлечки декоративни фигури, а во тек на целиот месец се очекува богата забавна програма за граѓаните.
-Градот се претвора во вистинска новогодишна бајка! Како ваш градоначалник, со многу љубов ве поканувам сите заедно да ја разбудиме магијата што ја очекуваме цела година.
Ова е момент кога детските насмевки, младешката енергија и семејната топлина ќе се обединат во силен празничен повик кој ќе ја осветли елката и целиот наш град. Замислете ги илјадниците светилки што блескаат токму од вашата позитивна енергија, вашите гласови и вашата искрена празнична радост.
Ве очекувам со искрена радост да го почувствуваме духот на празниците и да го направиме овој декември незаборавен. Штип светка најсилно кога сме заедно, порача градоначалникот Иван Јорданов.
Од општината најавија и организиран новогодишен дочек, го познати музички имиња, како и бесплатна храна и пијалоци за сите посетители кои ќе ја дочекаат Новата година на плоштад.
В.К.

