Завчера во Велес, во Младински парк се санираа штети и пак се поставуваа новогодишни украси, откако првичните декорации биле искрадени и оштетени. Веста дека е санирана штетата на новогодишното украсување ја објави градоначалникот Марко Колев.
-Санирана е штетата на новогодишното украсување во Младински парк. После девијантното однесување со кое речиси целото новогодишно украсување во Младинскиот парк беше уништено и украдено, повторно се работеше и штетата е санирана. Во соработка со СВР Велес и ТППЕ Велес ќе има зачестени патроли на критични локации со цел заштита од вакви појави, извести Колев.
Додава дека ова не бил изолиран случај, туку истото во континуитет се повторувало со целата урбана опрема, хортикултурно уредување, детски катчиња и спортски терени во градот, поради што апелирале на поголема свесност и одговорност, како и пријавување на сомнителни дејствија.
Деск
ВО ВЕЛЕС ПО ВТОРПАТ СЕ УКРАСУВАШЕ, ОТИ ПРВОТО НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ВЕДНАШ БИЛО ИСКРАДЕНО И ОШТЕТЕНО!
1 Min Read
Previous ArticleГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ НА ,,СИНЕДЕЈС” Е ПОСВЕТЕНО НА ДЕЈВИД ЛИНЧ

