Маж од Кавадарци синоќа дошол во Неготино, удрил во бандера со возилото, па побегнал. По половина час бил пронајден од полициски службеници од ОВР Неготино, и му биле измерени 1,83 промили алкохол во крвта, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.А.(35) од Кавадарци.
Претходно, околу 20:45 часот на улица „Првомајска“ во Неготино, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, удрил во бандера, по што го напуштил местото.
По преземени мерки, тој бил пронајден и по извршено алкотестирање е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,83 промили алкохол во крвта.
Ѓ.А. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од полицијата.
Деск

