Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови. Ова е уште една лага од “фабриката” на истата партија која пред само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола. Денес, тие истите глумат загрижени патриоти, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму порачуваат СДСМ да си погледнела во сопствениот двор, бидејќи тоа била партијата која го направила најголемиот распад на институциите, најголемиот удар врз безбедноста и најголемата загуба на довербата во државата.
-Македонија не била попонижена од времето кога Заев и неговите соработници шетаа по светот со политики на капитулација и корупциски скандали. Денес, тие истите предавачи делат лекции за „суверенитет“.
Ова што го прават е опасно: свесно лажење со цел да се креира страв. А кога политичка партија гради стратегија врз невистини, тоа значи дека нема што друго да понуди.
Социјалдемократкскиот сојуз е во право само во едно: ова е прашање за опстанок. Но не на државата, туку на нивната партија, која повторно се потпира на страв, измислици и очајнички обиди да остане релевантна, наведено е во соопштението на владеачката партија.
Деск
МАКЕДОНИЈА НЕМА, НЕ ПЛАНИРА И НЕ ПРЕГОВАРА ЗА ОТВОРАЊЕ МИГРАНТСКИ КАМПОВИ, ТВРДАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ
1 Min Read

