Веќе три дена се трага по Зоран Трифуноски (57) од Охрид, кој во средата се вратил дома, го оставил автомобилот и мобилниот телефон и пак излегол.
Неговиот брат Димче за ВИКИМЕДИА вели дека исчезнувањето го пријавил во полиција, и замолува за помош од јавноста.
-Не знаеме ниту каде заминал, ниту пак што се случило. На социјалните мрежи ја објавиваме неговата фотографија, молиме доколку некој има било каква информација, да ме побара на мобилниот телефон 078 314 567.
Јас не бев во градот и не знам во што бил облечен кога излегол, се надевам дека ако некој го видел, ќе го препознае според фотографијата, вели братот на Зоран.
И од Секторот за внатрешни работи Охрид потврдија дека лицето е пријавено за исчезнато.
-На 04.12.2025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од полицијата.
В.К.
ТРИ ДЕНА НЕМА ТРАГ ОД ОХРИЃАНЕЦОТ ЗОРАН: ГИ ОСТАВИЛ МОБИЛНИОТ И АВТОМОБИЛОТ ДОМА И ЗАМИНАЛ ВО НЕПОЗНАТ ПРАВЕЦ!
1 Min Read

