Премиерот Христијан Мицкоски е реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, денес, на 18 Конгрес на партијата, кој се одржа во Кавадарци.
Од 817 присутни делегати, 804 гласале за негов реизбор, а тој беше единствениот кандидат за функцијата. Во наредните четири години тој ќе ја води партијата, а ова ќе биде негов трет и последен мандат.
Мотото на Конгресот беше „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, и беа усвоени два политички документа, Стратегијата 2025–2030 и Доктрина.
-Голема чест е повторно да бидам избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам за довербата и за огромната одговорност што ми ја давате. Партијата денес донесе нова Стратегија и Доктрина, со која создаваме јасна и позитивна идејна основа за иднината.
ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и идеја што се пренесува со генерации. Оваа земја мора да научи да верува во себе, а не да биде зависна од тоа што некој однадвор ќе каже или ќе ни дозволи. Македонија може да успее само ако самата си постави цели, самата си верува и самата ја гради својата иднина.
По долги години предизвици и неправди, народот ни ја довери одговорноста да ја обновиме државата. Нашата обврска е да ја движиме Македонија напред, со енергија, чесност и визија, затоа што задачата пред нас не е партиска таа е државна и историска, истакна Мицкоски.
Деск
ОД 817 ПРИСУТНИ ДЕЛЕГАТИ, 804 ГЛАСАЛЕ ЗА НОВ МАНДАТ НА МИЦКОСКИ: ТОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ ПАРТИЈАТА НАРЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ
2 Mins Read

