На денешен ден пред 14 години почина Гоце Арнаудов, легендарниот музичар кој зад себе остави над 200 песни, и кој освои стотина награди на фолк фестивалите во земјава.
Годинава, во мај, тој постхумно доби награда за животно дело на Фолк фест Валандово, кој се одржува во салата „Јанко Узунов”. Наградата ја прими неговата сопруга Силвија, која се расплака на сцената и се поклони пред неговата слика.
Гоце, кој е роден во Струмица во 1954 година, почина од рак на белите дробови, а речиси до крајот на животот настапуваше.
Неговите песни „Што ќе остане од Македонија“, „Проклети да се предавниците“, „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо” и многу други, се слушаат и до ден-денес.
Остана запамтен по еуфоричните настапи, и пет години беше прогласуван за најпопуларна личност во Македонија.
В.К.

