Владо Јаневски и Бајага ќе одржат заеднички четиричасовен концерт во Скопје, на 14-ти февруари 2026 година, а од Авалон продукција го најавија настанот како нивни прв проект во новата година.
Концертот започнува во 20 часот во Арена Борис Трајковски, а влезниците веќе биле пуштени во продажба.
-За еден поинаков Св. Валентин и Св. Трипун, заедно на една сцена, и само една вечер, двајцата реално најголеми хитмејкери Бајага и Владо Јаневски со голем заеднички концерт на 14-ти февруари во Арена Борис Трајковски, и повеќе од 4 часа – само хитови!
Кои и какви, нема потреба да набројуваме, сите знаеме, соопштија од Авалон.
Од продукцијата нагалсуваат дека и Бајага и Владо веднаш ја прифатиле оваа идеја, со големо задоволство и почит за другиот и неговиот лик и дело.
-Вечерта ќе ја отвори Владо Јаневски со целовечерен настап со својот фантастичен бенд, а потоа продолжуваат Бајага и Инструктори исто со целовечерен концерт, истакнаа од продукцијата.
Б.Н.
Previous ArticleОБЈАВЕНИ МОРНИЧАВИ ФОТОГРАФИИ ОД ОСТРОВОТ НА ЏЕФРИ ЕПСТАЈН

