Четири лица од Шведска, помеѓу кои еден малолетник, заедно со кавадарчанец и прилепчанец се лишени од слобода, отако во автомобилот во кој се превезувале им биле пронајдени шест пушки, но и свежо месо исечено на парчиња, соопшти Минситерството за внатрешни работи. Тие се осомничени за незаконит лов.
-Вчера во 15:30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“.
При контрола на патничко возило „мерцедес” со шведски национални ознаки, кое го управувал С.А., а другите лица биле сопатници, пронајдени се шест ловечки пушки, како и пакување со свежо месо исечено на парчиња, соопштија од полицијата.
Тие биле задржани во ОВР Прилеп и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
Деск

