Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го напуштила затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна и истекува на 21 август 2026 година.
Според информации од директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски, во постари интервјуа, таа во затворот работела како библиотекарка. Тој исто така за медиумите истакнуваше дека Јанева била примерен затвореник, и имала можност да биде помилувана.
Жената во која своевремено јавноста виде надеж за конечно расчистување и справување со високата корупција, беше осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување, а ја уапсија на 21 август 2019 година.
Сега Јанева треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд во Скопје, додека не ѝ истече во целост седумгодишната казна.
В.К.
КАТИЦА ЈАНЕВА НЕ Е ПОВЕЌЕ БИБЛИОТЕКАРКА ВО ИДРИЗОВО: ДОБИЛА УСЛОВЕН ОТПУСТ ОД ЗАТВОРОТ!
1 Min Read
Previous ArticleКАВАДАРЧАНЕЦ ОГРАБЕН И НАТЕПАН НА УЛИЦА!

