Младиот Ден Елкајам кој е помеѓу 16-те жртви во нападот на плажа во Сиднеј, Австралија, бил дел од македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Јуниорс. Веста ја соопштија од клубот, збогувајќи се со Ден, кој бил составен дел од тимот.

-Со екстремен шок и тага дознавме дека нашиот играч од Премиер лига 1 – Ден Елкајам – беше жртва на ужасните, трагични и бесмислени настани на плажата Бонди во недела, 14 декември 2025 година. Ден беше составен дел од нашиот тим на ПЛ1 во 2025 година – кој беше исклучително талентиран и популарен меѓу соиграчите.
Најдлабоки и најискрени сочувства до семејството, пријателите на Дан и до сите што го познаваа.Ќе ни недостига, да почива во мир – Вечна му слава, објавија од Рокдејл Илинден ФК Јуниорс.
Во терористичкиот напад кој беше извршен од страна на татко и син, загинаа 16 лица, а околу 40 се повредени.
Деск

