СДСМ денес треба да го избере новото партиско раководство, односно новите потпретседатели и новиот состав на Извршниот одбор, а според претседателот Венко Филипче, станува збор за „нова сила“ што ќе биде комбинација од искусни и млади кадри.
Како што кажа Филипче во изјава за централниот дневник на „Сител“, списокот со имињата веќе бил подготвен, но јавноста ќе ги дознае по завршување на денешната постапка во партиските органи.
Денешниот избор доаѓа по внатрепартискиот потег на почетокот на месецов, кога по барање на Филипче оставки поднесоа заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот и организациските секретари и сите членови на Извршниот одбор.
Деск

