Прилепчанец извршил тешка кражба во неготинскиот манастир Свети Ѓорѓи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Дрскиот крадец бил пронајден и лишен од слобода.
-Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен М.А.(44) од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од полицијата.
Деск

