Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес за време на настан, откри повеќе детали за системот ,,Безбеден град”. Како што вели, најверојатно за шест до седум месеци ќе биде имплементиран на цела територија на Македонија.
-Се надевам дека до јуни или јули идната година ќе го имплементираме ,,Безбеден град” на целата територија на државата. Сигурен сум дека до крајот на 2026 година ќе го имплементираме за секој град како паметен систем.
И граѓаните во Берово, Делчево, Струга и Охрид заслужуваат едно вакво решение што би требало да ја следи европската стратегија за нула жртви, со која до 2050 година треба да немаме човечки жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила, соопшти министерот.
Во Скопје, Тетово и Куманово системот ќе започне да функционира на први февруари 2026 година. За време на тест периодот, таму каде е имплементиран истиот, се намалиле сообраќајните несреќи.
Деск
Previous ArticleЗА ПРВПАТ КАЈ НАС ВГРАДЕНА ПРОТЕЗА НА КОЛК СО НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ
Next Article ПРОДОЛЖУВААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

