Грчките земјоделци донеле одлука за продолжување на блокадите, но и заострување на мерките, со цел да извршат притисок врз владата за решавање на проблемите во нивниот сектор, пренесуваат тамошните медиуми.
Тоа би значело дека дури и Божиќните и новогодишните празници можат да поминат со затворени патишта, автопати и споредни улици.
Протестите на незадоволните земјоделци во Грција започнаа на 30-ти ноември поради зголемените трошоци за производство и ниските продажни цени, но и поради неисплатени субвенции.
Редовни се и секојдневните неколкучасовни блокади на граничниот премин Евзони, поради што голем број на наши граѓани ги одложија своите патувања во Грција, или пак го користат граничниот премин Дојран.
Деск

