Горан Бреговиќ и Бијело Дугме ќе настапат за новогодишниот дочек во хотел на Копаоник. Како што најавуваат од хотелот Гранд, каде ќе се случува настанот, се очекувале гости од целиот регион.
-На најпознатата планина во Србија, во срцето на Копаоник, Хотел Гранд подготвува новогодишен спектакл за целиот регион. Новогодишната ноќ со Горан Бреговиќ, во атмосфера на планински гламур и екстравагантна забава, ќе ги помести границите на едно извонредно искуство.
Во ноќта кога највисокиот врв на Србија се претвора во врвна средба на престиж и забава, Гранд Копаоник ги поканува гостите од Србија и поширокиот регион да бидат дел од ова уникатно, незаборавно искуство. Луксузот, удобноста, ексклузивната атмосфера и погледот кон планината ја создаваат сцената за ноќ во која сè е насочено кон една цел: Новата година да започне на врвот, во секоја смисла, објавија од Гранд Хотел.
Додаваат дека еден ден подоцна, ќе настапи Милица Павловиќ, а двете вечери ќе ги отворел Амстердам бенд.
-Нова година со Горан Бреговиќ носи посебна мешавина од балкански ритам, кинематографска магија и трогателни емоции. Во Гранд салата за настани, неговата уникатна, автентична музика, придружена со оркестар, ќе ја води публиката низ емоционално богати аранжмани, како и препознатливите мелодии на култниот бенд “Бијело дугме”.
Еден ден подоцна, Милица Павловиќ, позната по својата сценска продукција, моќниот вокал и танцовите хитови, ќе нè внесе енергично во почетокот на 2026 година. Двете вечери ќе ги отвори Амстердам бенд со динамична програма во живо која ги комбинира најголемите домашни и меѓународни хитови, известија од хотелот.
Само влезница за дочекот изнесува околу 200 евра од лице. Се нудат и ексклузивни пакети со гурмански специјалитети, кои дополнително се доплаќале, во зависност од изборот.
В.К.

