Српската пејачка Сара Јо синоќа настапи во локал во Скопје и остави силен впечаток кај публиката. Во еден од најемотивните моменти на вечерта, таа ја испеа песната „Ако утре ме нема“ од ДНК, разбудувајќи длабоки чувства и сеќавања на немилиот настан во Кочани.
Настапот беше проследен со солзи, и силна поддршка од присутните. Сара Јо, видно погодена, пееше со солзи во очите, додека публиката ја следеше во еден глас, споделувајќи ја истата емоција.
Моментот прерасна во искрена и тивка почит, исполнета со тага, но и заедништво. Песната предизвика силна реакција кај присутните, кои со аплауз и поддршка ја наградија искреноста и емпатијата на пејачката.
Настапот ќе остане запаметен како еден од највпечатливите и најчувствителни моменти на вечерта, во кој музиката стана глас на спомените и емоциите.
Марија Клинчарова
САРА ЈО ВО СКОПЈЕ, СО ЕМОТИВНА ИЗВЕДБА НА ,,АКО УТРЕ МЕ НЕМА” ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ
1 Min Read

