33-годишникот од Дебар, кој возејќи пијан се судри со полициско возило, заработи кривична пријава, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.
-ОВР Дебар поднесе кривична пријава против П.П.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило.
Тој, на 18.11.2025 година во 00,05 часот, кај месноста „Шуланска раскрсница“ во близина на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, управувајќи возило „Волксваген Амарок“ со дебарски регистарски ознаки, удрил во службено полициско моторно возило „Дачиа Дастер“, управувано од полицискиот службеник А.Ш. од Дебар, истакнаа од полицијата.
Во настанот, повредени лица немаше, а од извршеното алкотестирање, кај П.П. констатирани биле 1,86 промили алкохол во крвта по што, веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода.
Деск

