Големиот хуманист од Кавадарци, Борче Стаменов од ,,Донирај компјутер”, организираше новогодишна хумана акција за децата во Кочани.
Со поддршка од граѓани од цела земја, Дади Компани од Виница, како и Општина Кочани, весел Дедо Мраз им подари пакетчиња на децата од семејствата на загинатите во трагичниот пожар кој се случи на 16-ти март годинава, во Пулс.
Пакетчињата беа поделени во мултикултурниот центар, со желби за весело детство и среќни мигови.
Како иницијатива, ,,Донирај компјутер” обезбедила 100 пакетчиња, купени од средства кои граѓаните ги донирале на нивната сметка.
В.К.

