Комарот мора да биде отфрлен! Државата треба да ги штити децата и семејствата, а не интересите на коцкарниците, порача градначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, и најави борба против комарот.
Како што истакна, се бараат измени во Законот за игри на среќа, односно предложени биле конкретни мерки.
Сите коцкарници во блзина на училиштата да бидат дислоцирани, забрана за рекламирање на казина, строги санкции и одземање на лиценца на сите кои ќе дозволеле влез на малолетници, се само дел од предложените мерки.
-Ова не е политичка, туку животна тема! Коцкањето не е забава, туку зависност која ни влегува во домовите и училиштата. Сега народните пратеници нека одлучат дали избираат профит, или иднината на нашите деца, порача градоначалникот.
Тој е актуелен деновиве и поради најавата за драконски парични казни, доколку во угостителски локали се дозволат гостувања на музичари кои имаат примитивно и вулгарно однесување на сцената, а како пример го посочи Десингерица кој е познат по скандалозните настапи.
Најави и укинување на реалити програмите во Република Српска.
Деск
ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ГИ ШТИТИ ДЕЦАТА И СЕМЕЈСТВАТА, А НЕ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОЦКАРНИЦИТЕ: СТАНИВУКОВИЌ ВО БОРБА ПРОТИВ КОЦКАЊЕТО!
1 Min Read

