66-годишниот И.К. од Кавадарци, кој последен пат бил виден на 23-ти декември, а сопругата го пријавила во полиција за исчезнат наредниот ден, на 24-ти декември, е лицето чие тело вчера беше пронајдено во бедзна.
Во извлекувањето на телото учествуваа припадници на полицијата и пожарникари од ТППЕ – Кавадарци, и истото траело со часови поради непристапниот терен.
Од Секторот за внатрешни работи Велес го потврдија случајот.
-Вчера во 10:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Куманичево, кавадаречко, е пронајден починат И.К.(66) од Кавадарци, за кој на 24.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.
Инаку, починатиот бил на лов кога се случила трагедијата.
Деск

