Вчерaшниот концерт на популарното дуо „Два бона“ во салата „Јане Сандански“ во Скопје целосно ги надмина очекувањата.
Преполната сала, силната енергија и публиката која од првиот до последниот тон пееше во еден глас, создадоа атмосфера што долго ќе се памети. Концертот беше исполнет со емоции, а фановите со часови ја поддржуваа групата, следејќи ги сите хитови со громогласен аплауз.
„Два бона“ уште еднаш потврдија дека се меѓу највлијателните имиња на домашната музичка сцена.
Посебно внимание привлекоа и гостите на концертот. На сцената се појави Слаткар, како и популарниот Криско, со кого „Два бона“ имаат реализирано повеќе успешни дуети.
Публиката со воодушевување ги поздрави изведбите на песните „Gorilla“ и најновиот заеднички проект „Bad Men“, создавајќи врвни моменти од вечерта.
Во текот на концертот настапија и Tyzze, Pajak и THCF, кои дополнително ја подигнаа атмосферата и ја заокружија музичката вечер исполнета со силна енергија и незаборавни моменти.
Марија Клинчарова
Previous ArticleЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА МАКЕДОН НА ГЕРМАНСКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА

